Бутел подобар од Струга

Ракометарите на Бутел запишаа нова победа во домашниот шампионат откако вечерва славеа на домашен терен против Струга со 30-27.

Стружани едно полувреме му парираа на фаворитот, откако по триесет минути беше нерешено 13-13. Во вториот дел бутелчани успеаја да го урнат отпорот на противникот и да слават со 30-27.

Прв стрелец беше Филип Николов со десет гола, го следеше Бојан Спасовски со шест, додека кај Струга се истакна Наум Костов со 12 гола.

Се вчитува...