Екипата на Бутел денеска комплетираше уште еден трансфер откако потпиша договор со 21-годишниот среден бек Леонид Киселовски, кој пристигна од редовите на Скопје.
Киселовски кариерата ја има почна во таборот на Аеродром, а беше дел и од младинските категории на Пролет и Вардар.
„Ме привлече ростерот со млади перспективни играчи и систем на работа кој се залага за нивен напредок. Амбициозен клуб кој има високи цели како излев во Европа и осигурување на едно од првите пет места“, изјави новото засилување на „бутелци“.
Претходно, Бутел Скопје ги засили своите редови со пивотите Матеј Новаковски и Драган Шољиќ, левите бекови Теодор Тодоски, Хусеин Валид Кадах и Тодор Узунчев и десните бекови Мартин Петровски и Димитар Узунчев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА