Бутел преку Голден Арт до втора победа во Суперлигата

Ракометарите на Бутел влегоа во победничка низа во Суперлигата откако во 4. коло славеа на домашен терен против Голден Арт со 29-23 во натпревар во кој во најголемиот дел ја имаа резултатската контрола.

Голден Арт ги искористи грешки на домашниот состав на самото отварање на средбата и поведе со 3-5 во воведните минути, но како што одминуваше првото полувреме така Бутел ја превзема иницијативата. Серијата од 4-0 донесе предност за домаќините, а и покрај тоа што Голден Арт успеа да стигне до ново изедначување (9-9) финишот на првите 30. минути беа во знакот на „сино-белите“ кои поведа со предност од два поседа за 12-10.

Второто полувреме не донесе промена, од минута во минута Бутел ја зголемуваше предноста благодарние на мини-серии за во еден момент да поведе и со 25-18 со што назначи мирен финиш на средбата. Домашните ракометари немаа проблем да ја задржат позитивата до 60. минута па стигнаа до победата број два.

Со по пет постигнати голови Ѓеоргиевски, Николов и Иваниќ го предводеа Бутел, додека по пет голови на спротивната страна забележаа Ончев и Шилегов.

Се вчитува...