Бутел прв сезонава го најде лекот за Охрид

Ракометарите на Бутел стигнаа до првата победа во македонскиот плеј-оф откако славеа над Охрид со 26-22. Домаќините одиграа добро во финишот на првото полувреме во кое стигнаа до преднсот од четири гола, која умешно ја чуваа до крајот на средбата. Охрид беше единствен тим со стопроцентен ефект во Супер-лигата, но сега веќе загуби во првото коло.

Охрид ја отвори средбата со 2-0, но Бутел бргу ги консолидираше своите и ја врати неизвесноста на натпреварот. Домаќините успеаја и да стигнат до „комотна“ предност на полувремето откако при резултат 7-7, направија серија од 4-0 со што во 30. минута резултатот изнесуваше 11-7.

Добриот ритам на натпреварот продолжи и во второто полувреме, а Бутел беше оној кој постојано ја одржуваше предноста. Во 45. минута од натпреварот гостите ги искористија двете исклучувања во редовите на домашниот состав па стигнаа и на „минус“ три (18-15), потоа имаа и негатива од само два гола, но составот од Бутел одигра рутински до крајот и не дозволи изненадување.

Горан Печиновски беше првото име кај домаќинтие со шест погодоци, додека пет забележа Јовица Младеновски. Бојан Спасовски натпреварот го заврши со четири гола. Кај гостите шест гола постигна Филип Кривокапиќ, додека по пет забележаа Блажевски и Манасков.

Се вчитува...