Бутел рутински со Вардар Неготино, Охрид убедлив против МРК Куманово

Ракометарите на Бутел стигнаа до третата победа сезонава во Суперлигата откако славеа на гостински терен против Вардар Неготино со 20-27. Бутелчани одиграа фуриозно прво полувреме во кое на противникот му дозволија само пет гола, а по 30 минути игра имаа позитива од девет гола (5-14).

Во вториот дел рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 20-27. Мирко Мајиќ со шест погодоци повторно беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените со седум гола заврши Ѓорѓи Орешков.

До лесна победа стигна и Охрид кој триумфираше убедливо на гостувањето кај МРК Куманово со 22-31. Цејовиќ, Андоновски и Озтурк постигнаа по шест гола кај победникот, додека кај домаќините Вучко Мрвовиќ заврши со осум.

Се вчитува...