Тимот на Бутел Скопје се засили со кадетскиот репрезентативец Матеј Новаковски, кој настапува на позицијата кружен напаѓач.
Новаковски доаѓа од тимот на Алкалоид и се обврза на договор од три сезони со нашиот клуб.
„Тој има одлични физички предиспозиции (18/195/95) и одлично се вклопува во нашиот систем да им даваме шанса на млади и перспективни ракометари. Претходно ги засиливме нашите редови со кружниот напаѓач Драган Шољиќ, левите бекови Тодор Узунчев и Теодор Тодески, како и десните бекови Димитар Узунчев и Мартин Петровски“ – информираат од РК Бутел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА