Бутел се засили со левиот бек Милошески за новата сезона (ФОТО)

РК Бутел за новата сезона во Суперлигата на Македонија го ангажираше левиот бек Христијан Милошески.

Милошески има 25 години (191/83) и доаѓа од тимот на Голден Арт, каде што настапуваше последните две сезони. Кариерата ја започна во Филип Вардар од Прилеп, а беше дел и од тимовите на Прилеп, Вардар Јуниор и Работнички.

„Ми претставува чест што повторно ќе бидам дел од тимот на Бутел и како играч ќе го вложам цел мој капацитет како и секогаш досега. Верувам дека нашата екипа, на чело со тренерот и управувачкиот тим, оваа сезона ќе постигне голем успех“ – истакна Милошески по промоцијата во новиот клуб.

Прилепчанецот по три сезони се враќа повторно во Бутел, каде настапуваше во сезоните 2019/20 и 2020/21.

Претходно Бутел Скопје ги засили своите редови со пивотите Матеј Новаковски и Драган Шољиќ, левите бекови Теодор Тодески и Тодор Узунчев, средниот бек Леонид Киселовски и десните бекови Мартин Петровски и Димитар Узунчев.

Се вчитува...