Ракометниот клуб Бутел продолжува со засилувањата во пресрет новата сезона. Официјално, дел од скопскиот тим во иднина ќе бидат и младинските репрезентативци Димитар и Тодор Узунчеви кои потпишаа договор за едногодишна соработка со можност за продолжување на истата доколку двете страни се задоволни.
Браќата кои ја покриваат десната и левата бековска позиција потекнуваат од тимот на Партизан Гевгелија, а во кариерата настапуваа и за двата клуба од Автокоманда, Мулти Есенс и Алкалоид.
„Бутел е екипа што пружи шанса на млади ракометари. Ми претставува голема чест што ќе бидам дел од неа и ќе имам простор за напредување и зголемување на моето искуство“, вели Тодор.
„Во екипа каква што е Бутел Скопје очекувам да созреам како играч и да го зголемам моето искуство. Знам дека овој клуб им дава шанса на млади играчи и ќе имaм простор за игра“, изјави Димитар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА