Ракометарите на Бутел победнички се враќаат од гостувањето во Луксембург кај Дуделанж, и се на чекор за првпат во својата историја да минат едно коло во европските натпреварувања. Бутел на крајот славеше триумф со 31-27 во Европскиот куп, и сега им останува на реваншот само да ја довршат работата.
На почетокот се играше речиси гол за гол, а првата осетна предност Бутел ја направи кога поведе со 14-8, благодарение на голманот Трајкоски, како и браќата Узунчеви и Николов.
Дуделанж, сепак, успеа да ја преполови негативата по тајм-аут, но скопскиот тим успеа на полувреме да дојде до предност од +4 (17-13).
Во вторито дел Дуделанж неколкупати стигна до негатива од еден гол, но тоа беше се од нив. Трајкоски одново беше одличен, и не дозволи пресврт.
Николов даде девет гола, додека Димитар Узунчев постигна седум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

