Ракометарите на Бутел триумфираа на контролниот натпревар што денеска го одиграа на домашен терен против Пролет (27-25), како загревање за вториот дел од сзоната што треба да стартува наредниот викенд.
Пролет почна импресивно, со цврста одбрана и одличен напад отворајќи го мечот со извонредно водство од 2-8. Како што одминуваше времето, така „бутелци“ се враќаа во натпреварот, па на одмор се замина со предност на Пролет од 13-15. Во вториот дел можеше да се проследи израмнета игра на двете страни, но во завршницата пресуди нешто поголемото искуство на домаќините, кои беа поприсебни во клучните моменти, го свртеа резултатот во своја полза и триумфираа со 27-25.
Пролет во првото коло од плејофот што стартува следниот викенд ќе му гостува на шампионот Вардар, додека Бутел ќе го пречека вицепрвакот Еурофарм Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

