Бутел со лесна победа над Радовиш

Ракометарите на Бутел без проблеми го совладаа Радовиш со 36-20, и така фатија приклучок кон плеј-офот. Радовиш и после овој пораз остана без бодови на дното на табелата, и ќе има тешка задача да дојде до опстанок.

Радовиш парираше само во првите 16 минути кога имаше 7-7, а потоа Бутел го презеде водството, и само го зголемуваше до крајот на мечот.

Узунчев даде 11 голови кај домашните, додека кај гостите Петров и Јанковски беа најефикасни со по четири голови.

Се вчитува...