Ракометарите на Бутел стигнаа и до осмата победа сезонава во Суперлигата, откако вечерва го совладаа Тиквеш со 32-24.
Кавадарчани беа подобар противник во првиот дел, а на пауза заминаа со предност од 13-16. Сепак скопскиот тим заигра далеку подобро во вторите 30 минути и стигна до конечен триумф од 32-24.
Најдобар поединец во победничкиот табор беше Мирко Мариќ со 13 гола, додека кај поразените се истакна Јане Јанчев со 10 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА