Ракометарите на Бутел дојдоа до третиот триумф во првенството, откако го совладаа составот на Куманово на гостински терен со 24-27. Мечот беше решен во вториот дел, откако на полувреме беше само еден разлика за гостинската екипа.
Бутел имаше предност од 12-15 пред самиот крај, но во финишот Куманово даде два гола за 14-15, резултат кој навестуваше интересно второ полувреме.
Во еден миг Куманово дојде до пресврт и од 14-16, стигна до 18-16, но Бутел брзо се врати. Потоа се играше гол за гол се додека Куманово не стигна до предност од два гола 20-22 во 46. минута од средбата, а потоа предноста ја одржа до крајот на мечот.
Давид Диемевски кај домашниот тим беше најефикасен со осум голови, додека кај Бутел седум постигна Филип Николов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

