Бутел убедлив против Струга

Ракометарите на Бутел стигнаа до убедлива победа на гостувањето кај Струга од 24-35 во првиот официјален натпревар за двата тима во 2026 година по паузата поради Европското првенство во Скандинавија.

Бутелчани уште од самиот старт тргнаа фуриозно па веќе на полувреме имаа позитива од 9-20. До крајот само рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 24-35.

Димитар Узунчев со девет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Наум Костов постигна седум гола.

Се вчитува...