Раководството на Бутел успешно ги финишираше преговорите за задржување на уште еден клучен ракометар во својот табор. Откако нов едногодишен договор потпиша Црногорецот Мирко Мајиќ, денеска потписот на новиот договор со „бутелци“ го стави и средниот бек Горан Печенковски.
„Договорена е соработка и за следната сезона, тука сум од самото формирање на клубот, поминавме доста предизвици, убави моменти, спремен сум да дадам максимум и се надевам на уште една успешна година. Жал ми е што првенството мораше така да се заврши, но тоа е сосем правилно бидејќи здравјето е пред се во живототот. Сметам дека РФМ слично како и во сите првенства во кои системот на натпреварување е ист, донесе правилна одлука околу пласманот на табелата, среќни сме што ке имаме прилика и наредната година да играме во Европа и можеби со малку среќа, ќе успееме да стигнеме уште подалеку од лани“, истакна Печенковски по потписот на договорот.
Начелно е постигнат договор за продолжување на соработката и со ветеранот Златко Мојсоски, а официјализацијата се очекува во следните неколку дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА