Бутел жали за Денис Тот: Маици со ликот на Хрватот и минута молк пред дербито со „пелистерци“

Дуелот од Супер-лигата меѓу Бутел и Еурофарм Пелистер почна со едноминутно молчење во чест на Денис Тот, трагично починатиот ракометар на РК Бутел, кој го загуби животот откако беше претепан пред еден ноќен клуб во Скопје.

Ова е прв меч на Бутел по трагичниот настан, па ракометарите на скопскиот суперлигаш се појавија на загревање со црни маици со ликот на починатиот соиграч.

 

Се вчитува...