Емилио Бутрагењо, како еден од директорите на Реал Мадрид, допатува во Скопје, за официјалната прес – конференција по повод одигрувањето на Суперкупот на Европа, на 8.август на „Телеком арена“ против Манчестер јунајтед. Тој имаше можност да се сретне со Кирил Дојчиновски, македонската фудбалска легенда, кој му беше тренер во мексиканскиот клуб Селаја.
„Во 1995 година, кога го напуштив Реал Мадрид, играв во Мексико три години, и Кирил Дојчиновски беше мојот тренер таму. Ова е многу емотивен момент за мене. Ви благодарам што дојдовте, и се надевам дека ќе имаме време за подобро да се видиме. Да го поздравиме господинот Дојчиновски“, рече Емилио Бутрагењо и стана да се ракува со македонската фудбалска легенда, а потоа го придружуваше и Луис Саха.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА