Буцкото Харден мета на потсмев: „Ги собрал килограмите што ги загуби Лука“ (ВИДЕО)

Џејмс Харден повеќе од три месеци е надвор од натпреварувачка форма со оглед на тоа што неговиот клуб Лос Анџелес Клиперс последниот натпревар го одигра на 3. мај, а според последното видео кое се појави од Кина каде што Американецот е на турнеја се чини дека ужива во животот повеќе од што е потребно за еден спортист.

Харден никогаш не бил познат по виткото тело, често на подготовките за својот тим се појавуваше со вишок на килограми, но сега има 36 години па се поставува прашањето дали ќе успее да се врати во форма за сезоната. На социјалните мрежи се појавија и интересни коментари кои го поврзаа со Лука Дончиќ, словенечката ѕвезда која беше мета на критичарите за дебелината.

Во меѓувреме кошаркарот на ЛА Лејкерс си ја сфати сериозно работата, напорно тренира и според последните информации бележи голем пад во килажата. Затоа одекна коментарот „Ги собрал килограмите што ги изгуби Лука“.

Се вчитува...