Бутуровиќ ново име во одбраната на Силекс

Силекс денеска претстави уште едно ново име, потпишувајќи договор со Едис Бутуровиќ. Станува збор за фудбалер што доаѓа од БиХ, своевремено и јуниорски репрезентативец на оваа земја, кој во претходните две сезони ги бранеше боите на Игман.

Дефанзивецот целата досегашна кариера ја мина во шампионатот на БиХ, а трансферот во Силекс ќе му претставува прво меѓународно искуство во кариерата.

Со овој трансфер продолжува и трендот на потписи на фудбалери од БиХ за македонските прволигаши. Пред Бутуровиќ тоа го стори и Амир Велиќ со потписот за Работнички, потоа Амер Дрљевиќ кој ќе ги брани боите на Арсими заедно со сонародникот Армин Бешагиќ, а засилување од БиХ летово донесе и Македонија ЃП, комплетирајќи го трансферот на Мирсад Рамиќ.

Се вчитува...