Македонскиот моторциклист Христијан Бузалковски оваа сезона доби прилика да настапи на најтешката трка од Светскиот шампионат по издржливост „World Endurance Championshi“!
Ова ќе биде историски момент за Македонија бидејќи Бузалковски е првиот Македонец кој доби понуда на ваква трка од светски размер!
„Навистина е огромна чест кога знаете дека сте во тим кој ќе настапува на светски шампионат! На Легендарната трка 24 часа Ле Ман да го видиме Македонското знаме е навистина чест, но и голема одговорност! Мојата цел ќе биде да се прилагодам на моторот со кој што ќе возам, и секако да се квалификувам на најтешката трка на светот! 24 часа без престан! Подготовките веќе се во тек, и се надевам дека се ќе биде како што треба, со Господ напред!“, изјави Бузалковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

