Бузалковски се врати со двоен подиум од легендарната Мото ГП патека „Брно“ (ФОТО)

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски се врати со двоен подиум во класата Суперсток 1000 од петата и шестата рунда од ФИМ Европскиот шампионат на легендарната патека Брно во Чешка.

Моментално Бузалковски е на втората позиција во генералниот пласман со освојување на второ и трето место во главните трки и едно трето место во „спринт“ трката. До крајот на сезоната остануваат уште четири трки и една спринт трка а Христијан е се уште во борба за титулата, заостанувајќи само 20 бода позади водечкиот во шампионатот.

„Ова можеби беше еден од најдобрите тркачки викенди за мене и за мојот тим. Уште од првиот слободен тренинг бевме компетитивни, најдовме идеален сетап и знаевме во која насока движиме. Иако се уште имаме минимални проблеми сo предниот дел на моторот сепак успеавме да извозиме две одлични главни трки, една спринт трка и да го оствариме подиумот три пати. Огромна благодарност до мојот тим за целокупната работа целиот викенд , моите спонзори и поддржувачи” – вели Бузалковски по трката во Брно.

Се вчитува...