Чаби Алонсо без 11 фудбалери на гостувањето кај Алавес

Чаби Алонсо има големи проблеми во Реал Мадрид, откако тимот има само две победи во последните осум натпревари.

Кризата во Реал добива сериозни размери, шпанските медиуми пишуваат дека некои од играчите очигледно не се справуваат со ригорозните барања на Чаби Алонсо.

Кралевите гостуваат кај Алавес утре во 21 часот, а доколку има нов пораз, Реал би можел да почне да бара нов тренер. Веќе тешката ситуација во тимот на Алонсо е дополнително влошена од вонредниот бран повреди и суспензии.

За дуелот со Алавес, Алонсо има на располагање само двајца здрави дефанзивци: Раул Асенсио и Дин Хујсен. На низата играчи кои не играле долго време поради сериозни повреди, во последниот првенствен натпревар против Селта, им се придружија повредениот Милитао и дури тројца исклучени играчи: Гарсија, Карерас и Ендрик.

Трент Александар-Арнолд, Дани Карвахал, Давид Алаба, Едер Милитао, Антонио Ридигер, Алваро Карерас, Фран Гарсија, Ферланд Менди, Едуардо Камавинга, Килијан Мбапе, Ендрик, сите овие се имиња кои Алонсо нема да ги има во Алавес.

Поради оваа ситуација, во првиот тим беа додадени тројца јуниори. Тинејџерите Жоан Мартинез и Виктор Валдепењас во одбраната и играчт за врска Честеро.

Се вчитува...