Чаби Алонсо дециден: „Донесете ми ги нив тројца и потпишувам!“

Чаби Алонсо ќе ја прифати понудата на Ливерпул да го замени Арне Слот на клупата на клубот само под еден услов: Да бидат доведени три засилувања, кои доколку ги добие, ќе ја прифати понудата од челниците на Ливерпул.

Слот е под огромен притисок на Енфилд по ремито дома со Тотенхем, кој е загрозен од испаѓање. Холанѓанецот сè уште не потпишал нов договор со Ливерпул и покрај тоа што ги водеше до титулата во Премиерлигата во својата прва сезона.

За да биде уште полошо за Слот, челниците на Ливерпул „гризат“ за Чаби Алонсо, кој е слободен тренер откако беше отпуштен од Реал Мадрид.

Алонсо беше цел на Ливерпул за замена на Јирген Клоп, но одлучи да го преземе тимот на Реал Мадрид.

Медиумите од Шпанија тврдат дека Алонсо е подготвен да ја прифати понудата на Ливерпул, но само ако е целосно убеден во спортскиот проект на Енфилд и ако ги добие трите засилувања што ги сака.

Одбраната наводно е главната грижа за Алонсо, бидејќи Конате не потпишал нов договор, а Ван Дајк е при крајот на својата кариера.

Ливерпул веќе го обезбеди доаѓањето на младиот француски играч Жереми Жаке од Рен, но Алонсо го сака Алесандро Бастони од Интер.

Средниот ред исто така треба да биде посилен, а Алексис Макалистер е оној што би можел да си замине, додека Чаби Алонсо го сака Адам Вортон од Кристал Палас.

Последниот играч што Алонсо сака да го донесе во Ливерпул е напаѓачот на ПСЖ, Бредли Баркола.

Се вчитува...