Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо беше одбиен од Реал Мадрид за турскиот репрезентативец Арда Гулер. Алонсо го посакуваше играчот на „кралевите“ како позајмен во идната сезона, меѓутоа европскиот првак не сака да го пушти својот играч, и смета дека тој е иднината на клубот.
Според шпанските медиуми, Гулер и натаму останува фокусиран на Реал Мадрид и ќе се бори за место во тимот, после одличните партии за својата селекција на ЕВРО 2024, каде Турција стигна до 1/4 финалето.
Гулер стигна во Реал минатата сезона од Фенербахче и важи за еден од најголемите таленти во Европа во моментов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА