Баер Леверкузен го претрпе првиот пораз по дури 51 натпревар без неуспех откако „фармацевтите“ го загубија синоќешното финале во Лигата на Европа од Аталанта со 0-3.
Новиот германски првак беше целосно надигран, заслужено губејќи од незгодниот италијански состав. За Баер Леверкузен ова беше прв неуспех по поразот од Бохум на 27 мај минатата сезона, но Чаби Алонсо јасно стави до знаење дека останува горд на својот тим, исто како што беше и пред почетокот на ова големо финале.
„За мене лично, овој резултат не менува какви чувства имам за моите фудбалери, за мојата екипа и за сето она што го правевме изминатиот период. Еден пораз не може да избрише се што направивме сезонава. Секако, сакавме да го кренеме и овој пехар, но не можеш да имаш се во животот. Немавме свој ден, не одигравме како што знаеме и Аталанта заслужено победи. Останува фактот дека станавме шампиони на Бундес-лигата без ниту еден пораз, a имаме можност и да го кренеме пехарот во Купот на Германија в сабота“, изјави Чаби Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА