Чаби Алонсо експресно најде нова работа, се враќа во Германија!?

Само неколку дена откако доби отказ од Реал Мадрид, Чаби Алонсо би можел да има нов ангажман, и тоа во за него позната средина – во Германија.

Според информациите на „Билд“, Алонсо е еден од кандидатите за клупата на Ајнтрахт Франкфурт, со оглед дека Дино Топмелер е пред отказ од клупата на овој тим. Екипата четири кола по ред нема победа, и падна на табелата, а веројатно челниците на Ајнтрахт веќе донеле одлука за негова смена.

Ајнтрахт има 27 бодови, игра лошо оваа сезона, и затоа раководството веќе одлучило да му врачи отказ на Топмелер, а на негово место би требало да дојде Алонсо. Алонсо направи чудо со Баер Леверкузен, и ја освои титулата пред две сезони по неверојатна сезона и без пораз во Бундеслигата. Неговото име се поврзуваше во минатото и со Баерн Минхен и со Ливерпул, а сега би можел додека не најде друг клуб, да биде дел од Ајнтрахт.

Се вчитува...