Чаби Алонсо го одбра новиот клуб, води со себе и ѕвезда на Реал!?

Името на Чаби Алонсо периодов нескриено се појавува во јавноста како идна менаџерска опција за Ливерпул. Дел од англиските медиуми пренесуваат дека веќе е постигнат принципиелен договор меѓу двете страни,  а Шпанецот, поранешен играч на клубот, нема ништо против да се пресели на Островот од јуни, по не многу успешната авантура во Реал Мадрид.

Алонсо би сакал да го води Ливерпул, а клубот е подготвен да и даде шанса на својата легенда. Според разни англиски медиуми, по неговото заминување од Мадрид, тој е водечкиот кандидат кого раководството на Ливерпул се обидува да го убеди да води нов спортски проект.

А, покрај тоа, Алонсо наводно веќе одлучил да поведе еден од своите поранешни играчи со себе во Ливерпул. Се вели дека станува збор за турскиот офанзивен играч од средниот ред Арда Ѓулер.

Турскиот играч е совршено решение за Ливерпул. Тој е фудбалер со многу простор за напредок, високо ценет во европскиот фудбал.

Арда има договор со Реал Мадрид до летото 2029 година, со откупна клаузула проценета помеѓу 500 милиони и 1 милијарда евра. Ова значи дека Ливерпул ќе мора да преговара за трансфер со шпанскиот клуб ако се навистина заинтересирани да го доведат овој играч.

Во овој контекст, единствениот начин играчот да го напушти Реал Мадрид е ако Чаби Алонсо биде потврден како нов менаџер на Ливерпул. Неговото доаѓање би му гарантирало на Ѓулер многу важна улога во новиот проект, дури и поголема од онаа што моментално ја има во Реал Мадрид.

Се вчитува...