Чаби Алонсо го покажа првиот „црвен картон“ во Реал Мадрид

Чаби Алонсо се уште нема официјално пристигнато на кормилото на Реал Мадрид, но шпанскиот стратег веќе дава јасни насоки до клупските директори околу тоа како сака да изгледа тимот на „кралевите“ за наредната сезона.

На негово инсистирање беше доведен Хујсен од Борнмут, а Алонсо донел одлука и за првиот фудбалер што ќе го напушти Реал по негговото доаѓање. Станува збор за Лукас Васкез, офанзивниот десен бек кој ги мина последните десет години во дресот на „кралевите“, но летово како слободен играч ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Тој се надеваше на потпис на нов едногодишен договор, но Чаби Алонсо јасно ставил до знаење дека на Трент Александер Арнолд гледа како на прва опција на десен бек, а Реал во тимот го има и одличниот Дани Карвахал, кој за следната сезона ќе биде „фит“ по тешката повреда заработена пред неколку месеци.

Со ова дефинитивно се затвора вратата за Васкез, кој ќе настапи за Реал на претстојниот клупски мундијал, по што како слободен играч без никаква отштета ќе може да го избере новиот клуб во кариерата.

Се вчитува...