Чаби Алонсо и официјално најави дека ќе си замине од Баер Леверкузен, промоцијата како нов тренер на Реал Мадрид е само прашање на време, а шпанскиот стручњак во меѓувреме имал и комуникација со управата околу играчите кои сака да бидат доведени на „Сантијаго Бернабеу“ во текот на летниот преоден рок.
Чаби сонуваше со себе да го земе Флоријан Вирц, но германскиот ас јасно стави до знаење дека сака да се пресели само во Баерн Минхен, затворајќи ја вратата за преселба во Шпанија. Затоа, шпанскиот стратег сега внииманието го насочи кон друг фудбалер на Баер, дефанзивецот Џонатан Тах.
Одличниот одбранбен фудбалер се наоѓа многу блиску до Барселона, обид да го привлече во последен момент има и од Баерн, но Чаби јасно му ставил до знаење на Флорентино Перез дека треба да стори се што може за да го убеди германскиот репрезентативец од сите заинтересирнаи клубови да го избере токму Реал. Во прилог оди што Тах е слободен играч летово, па нема да мора да се преговара со Баер Леверкузен, туку само директно со фудбалерот.
Втора желба на Алонсо покрај Тах е Мартин Зубименди, шпанскиот играч за врска кој според Чаби би бил идеален како замена за Лука Модриќ. Зубименди минатото лето го одби Ливерпул, во последните седмици се шпекулира дека е во преговори со Арсенал, па токму затоа Чаби инсистира што поскоро да се влезе во преговори со него и да не се дозволи да си замине од Ла Лига.
На потег е Флорентино Перез, кој ќе треба да стори се за да ги исполни желбите на новиот тренер, ако се знае дека станува збор за двајца фудбалери кои се високо ценети од елитните европски клубови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

