Хрватскиот ас Лука Модриќ во моментов игра за Милан, и пружа одлични партии во таборот на „росонерите“, и покрај тоа што е веќе во зрели фудбалски години. 40-годишниот Модриќ е моторот на екипата од „Сан Сиро“, и човек кој би можел да го однесе клубот кон Скудетото.
Сега се откриени детали за неговото заминување од Реал Мадрид после долги години и освојување на се што можеше да се освои.
Шпанскиот „Ел Мундо Депортиво“ открива дека новиот тренер Чаби Алонсо инсистирал играчот од средниот ред и натаму да остане на „Бернабе“. На ваквата желба се спротиставил клубот, кој рекол „не“ за останување на ветеранот, по што Модриќ се пресели во Милан.
Модриќ беше дел од Реал Мадрид од 2012 до 2025 година, пред да се пресели во Италија. Претходно беше дел од Тотенхем и Динамо Загреб, од каде како позајмен играше за Зрински и Интер Запрешиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

