Чаби Алонсо ќе остане на чело на Реал Мадрид најмалку до крајот на оваа седмица, откако управата на „кралскиот клуб“ реши да му даде последна шанса на овој стратег да најде излез од кризата.
Дуелот со Манчестер Сити во ЛШ беше „да се биде или не“ за иднината на Алонсо во Мадрид, Реал го загуби тој меч, но Флорентино Перез сепак реши да не му врачи отказ на поранешниот шпански репрезентативец. Челниците на „кралскиот клуб“ биле импресионирани од поддршката што Чаби ја добил од голем дел од фудбалерите, предводени од Куртоа и од Винисиус веднаш по мечот со Сити, по што била донесена одлука тој да добие уште една шанса да најде излез од кризата.
Реал Мадрид викендов ќе се сретне со Алавес, дуел на кој „кралевите“ ќе мораат да стигнат до цел плен ако сакаат Чаби да остане на клупата.
Секој поинаков резултат ќе има јасна разврска – тренерска смена во Мадрид и именување на Алваро Арбелоа како привремен стратег додека не биде најдено перманентно решение.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

