Чаби Алонсо конечно со вистината зошто ги одби Ливерпул и Баерн Минхен

И покрај максимално сериозните понуди од Баерн Минхен и од Ливерпул, Чаби Алонсо одлучи да остане верен на Баер Леверкузен па и следната сезона ќе го води тимот кој е пред освојување на титулата во Бунделигата.

Минатиот месец откри дека не планира заминување од Баер за што ги информирал и челниците на клубот, а сега во поопширно интервју за ТНТ јасно ги откри и причините за својата одлука.

„Имам навистина многу причини. По една година, тука сега создаваме вистински тим. Градиме одличен тимски дух. Но, вистината е дека тука има многу играчи поради кои сакам да останам. Играчите се број еден магнет. Се чувствувам како дел од клубот и сакам да продолжиме заедно и понатаму. По само една година тука, едноставно не чувствувам дека треба да си одам. Не е вистинско време. Поради тоа останувам“ – рече Чаби Алонсо.

Се вчитува...