Чаби Алонсо наскоро на состанок со шефовите на Баер за нов договор

Чаби Алонсо можеби ќе остане во Баер Леверкузен уште неколку сезони, откако се појавија информации дека Шпанецот побарал средба со челниците на тимот за продолжување на новиот договор.

Баер Леверкузен нема ништо против на Алонсо да остане дел од „фармацевтите“, и покрај силниот интерес од Реал Мадрид.

Сепак, се очекува во новиот договор на Алонсо да има откупна клаузула која ќе важи доколку некој клуб сака да го ангажира. Засега нема сигнали од таборот на „кралевите“ за негов ангажман. Исто така претходно беа заинтересирани и Баерн Минхен и Ливерпул, но Алонсо се согласи да остане дел од „фармацевтите“.

Договорот на Алонсо со Леверкузен истекува на крајот на идната сезона, и ако биде продолжен, ќе биде до 2029 година.

Алонсо минатата година направи чудо со тоа што ја освои титулата без ниту еден пораз, што е за првпат во историјата на Бундеслигата. Исто така го освои и Купот на Германија, а во Лигата на Европа стигна до големото финале каде загуби од Аталанта, што беше единствен пораз на „фармацевтите“ минатата сезона.

Се вчитува...