Чаби Алонсо: Не може за четири дена да смениме навики од пред четири години

Очите беа вперени кон Чаби Алонсо на синоќешниот дуел меѓу  Реал Мадрид и Ал Хилал, на кој шпанскиот стратег го имаше своето деби на клупата на „кралевите“.

Тој во изминатите денови најавуваше атомски фудбал базиран на висок пресинг, но на теренот можеа да се забележат премалку работи од она што Алонсо го говореше. Реалноста е дека Реал одигра потпросечно, во првиот дел дури и беше целосно надигран од противникот, во вториот дел „кралевите“ играа поквалитетно, имаа и пенал во судиското продолжение, што сепак не успеаја да го претворат во победнички гол.

„Ни недостигаа премногу работи во првото полувреме. Јасно ми е дека ова е само почеток, никој не ни верува дека од првиот ден се ќе тече функционира совршено. Не може за четири дена да се сменат навиките што фудбалерите ги имале кај тренерот со кој биле заедно четири години. Ние ќе продолжиме да работиме и верувам дека ќе бидеме уште подобри. Ме радува реакцијата во второто полувреме, имавме поголема контрола над натпреварот, сепак ова е процес за кој треба време“, изјави Алонсо по натпреварот.

Се вчитува...