Чаби Алонсо обвинет за затајување данок

Поранешниот шпански репрезентативец Чаби Алонсо е обвинет за затајување на данок, за што беше обвинет и од страна на германските власти. Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид наводно во 2013 година ја оштетил државата за 570.000 евра. Обвинителството бара казна затвор и парична казна за Чаби Алонсо.

Против 37-годишникот веќе се води процес за наводно затајување од 2010 до 2012 година, а се работи за сума од 2 милиони евра. Чаби Алонсо следната сезона ќе има тренерско деби, бидејќи го презема Б-тимот на Реал Сосиедад.

 

Се вчитува...