Поранешниот шпански репрезентативец Чаби Алонсо, кој со успех го носеше дресот на европските гиганти Реал Мадрид, Ливерпул и Баерн Минхен, а ова лето реши да се пензионира, прави нов чекор во својот живот. Тој одлучи да се бави со тренерскиот занает и тоа и го соопшти на јавноста преку социјалните мрежи.
„После 17 години во фудбалот, веќе сум подготвен за нов чекор во мојата кариера. Одлучив да станам тренер и за деталите ќе дознаете наскоро. Сега е најважно да се подготвам добро за мојот следен предизвик“, изјави Чаби Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА