Чаби Алонсо под сериозен притисок: Три победи во следните три меча, или конечно збогум

Пред два дена, фудбалерите на Реал Мадрид беа поразени на домашен терен во Лигата на шампионите од Манчестер Сити, при што на крајот беше 2:1 во корист на англискиот тим. Се сметаше дека тоа ќе биде последен работен ден за Чаби Алонсо на клупата на „кралевите“, меѓутоа тој останува да биде тренер. Но, сега пред себе има сериозен предизвик. 

Имено, следните три натпревари се клучни за Алонсо, но дури ни победите не му гарантираат дека ќе остане на клупата на тимот од Мадрид. Доколку Чаби Алонсо и Реал Мадрид не го победат Алавес во следниот натпревар, Чаби Алонсо веднаш ќе биде отпуштен.

Доколку успее да го добие тој натпревар, а потоа не успее да го победи Талавера, Алонсо ќе биде поранешен тренер на Реал Мадрид. Дури и да победи против Алавес и Талавера, мора да го стори истото и против Севиља, во спротивно претходните две победи ќе бидат залудни, а Чаби Алонсо ќе добие отказ. 

Значи, му требаат три победи во следните три натпревари ако сака да остане на кормилото на „кралевите“. Во спротивно, Флорентино Перез ќе бара друго решение. 

Се вчитува...