Баер Леверкузен успеа да договори уште еден трансфер откако управата на германскиот шампион му ја исполни желбата на тренерот Чаби Алонсо и на „Бај Арената“ го доведе Мартин Терие.
Станува збор за 27-годишен офанзивен играч за врска кој може да настапува и како напаѓач. Тој доаѓа од редовите на Рен, исто како и првото засилување на Баер сезонава, дефанзивецот Белосијан кој минатиот месеци им се приклучи на „фармацевтите“. Преговорите меѓу клубовите траеја долго, се шпекулираше дека Рен како дел од трансферот ќе го добие и Адам Хложек, но чешкиот напаѓач остана во Леверкузен, а германскиот шампион се согласи да плати 22 милиони евра за да го осигура потписот на Терие.
Покрај Терие и Белосијан, Баер Леверкузен веќе го потпиша и Шпанецот Алеиш Гарсија од Жирона, а најдобра вест за Чаби Алонсо е што Флоријан Вирц реши да остане уште најмалку една година во таборот на „фармацевтите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА