Чаби Алонсо: Сега не е време да се зборува за мој евентуален премин во Реал Мадрид

По испаѓањето на Реал Мадрид од Лигата на шампионите, на големо се зборува за евентуален прекин на соработката меѓу кралскиот клуб и Карло Анчелоти на крајот од сезоната. А како наследник се споменува тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо.

Шпанскиот тренер повеќе од една година се поврзува со Реал, но се уште нема ништо конкретно. Што го потврди и самиот Чаби Алонсо.

„Не е добро време да се зборува за иднината. Овој период од сезоната е многу важен. Не сакам да разговарам за шпекулации и гласини. Разбирам дека е интересно, но тоа што се случува во Леверкузен сега ми е поважно”, изјави Алонсо.

На крајот на минатата сезона кога Баер ја освои двојната круна, прва во историјата на клубот, Алонсо беше многу барана стока. Наводно го посакувале Реал, Ливерпул и Баерн. Во тој момент само Реал го реши тренерското прашање, но Арне Слот и Винсент Компани дојдоа на „Енфилд“ и „Алијанц арена“, а самиот Алонсо реши да остане во Леверкузен.

Се вчитува...