Чаби Алонсо со барање до Перез: Донеси ми го тој играч, и доаѓам!

Чаби Алонсо го воодушеви фудбалскиот свет со одличната минатата сезона на клупата на Баер Леверкузен, која ја направи една од најдобрите екипи на денешницата.

„Фармацевтите“ стана исклучително тежок ривал за сите поради нивниот стил на игра и Алонсо се етаблира како еден од најдобрите млади тренери во светот. Јасно е дека Шпанецот е наоѓа на чекор на голем клуб, со оглед на неговата работа, а се шпекулира дека следна негова дестинација ќе биде Реал Мадрид, како замена за Карло Анчелоти.

Перез веќе има желба Алонсо да биде тој што ќе го наследи Анчелоти кога 65-годишниот фудбалер ќе реши да се пензионира, а од друга страна и самиот Шпанец има одредени барања.

Така, според Defence Central, Алонсо веќе му поставил услов на Перез, доколку сака да го види на клупата. Станува збор за доведување на Флоријан Вирц.

Вирц има 21 година, веќе е светска ѕвезда, му претстои голема кариера, а за неговиот потпис веќе се борат најбогатите клубови во светот. Меѓутоа веројатно нема да биде никаков проблем „кралевите“ да му ја исполнат оваа желба на новиот тренер. 

Се вчитува...