Чаби Алонсо во големи проблеми: „Би можел и јас да заиграм“

Германскиот првак Баер Леверкузен има проблеми со отсуства пред нивниот дуел во 5. коло во Лигата на шампионите против РБ Салцбург кој е на програмата утре. Поради несотиг на играчи тренерот Чаби Алонсо вклучи 16-годишник во екипата.

Шпанецот во моментов има на располагање 13 здрави играчи. Последниот играч кој отпадна поради повреда е Мартин Териер. Јонас Хофман, Виктор Бофејс, Амине Адли како и дефанзивците Норди Мукиеле и Жануел Белосијан се надвор од теренот поради повреди.

Германските медиуми пишуваат дека за овој натпревар во тимот е вклучен 16-годишниот фудбалер Бен Хавигорст.

Низ насмевка Алонсо рече дека доколку му дадат договор, би можел и тој да се приклучи во тимот и да се врати на играчката кариера.

Се вчитува...