Чаби Алонсо за две недели веќе со „чуда“ во Реал, „измисли“ играч како големо засилување (ВИДЕО)

Синоќа, Реал Мадрид убедливо го победи Салцбург со 3-0 во последното коло од групната фаза на Светското клупско првенство, во натпревар во кој Чаби Алонсо неочекувано доби играч кој никој не го очекуваше.

Иако Чаби Алонсо го презеде тимот на Реал Мадрид само пред еден месец и имаше само десет дена да го подготви овој тим за Светското клупско првенство, промените што младиот тренер ги донесе во играта на овој клуб веќе се очигледни.

Во првиот натпревар, Реал ремизираше против Ал Хилал (1-1), но потоа ја победи Пачука (3-1) и синоќа Салцбург со 3-0, обезбедувајќи го првото место во групата.

Одличен натпревар одигра Винисиус Жуниор, кој беше избран за играч на натпреварот, но еден човек ја воодушеви шпанската јавност со својата игра синоќа и неочекувано, од играч кој е таму само за да „пополни празнина“ стана сериозен член на првиот тим.

Станува збор за младиот напаѓач Гонзало Гарсија, кој вообичаено е член на резервниот тим на Реал, но нема сомнение дека по ова натпреварување ќе биде преместен во првиот тим бидејќи Алонсо веќе изјави дека ќе смета на него оваа сезона. 21-годишникот повторно го покажа својот квалитет синоќа, постигнувајќи го својот втор гол во ова натпреварување.

Младиот напаѓач истрча одлична контра, а потоа го лобуваше голманот на австрискиот тим за конечни 3-0.

Алонсо веќе изјави дека Гарсија ќе остане во првиот тим, па следната сезона ќе добие шанса да се докаже на најголемата сцена.

Во Реал имаа план да го испратат овој 21-годишник на позајмица бидејќи немаа поим дека толку многу ќе се истакне во Америка. Сепак, Алонсо веднаш покажа дека сериозно смета на играчите од младинскиот погон.

Се вчитува...