Чаби Алонсо го превзема Реал Мадрид ова лето и следниот период ќе го искористи за создавање на тим по својата замисла. А, во истиот нема место за пет фудбалери, пренесуваат шпанските медиуми.
Станува збор за Ферлан Менди, Давид Алаба, Даниел Сабаљос, Ендрик и Родриго кои се очекува во следните два преодни рокови да заминат од „Сантијаго Бернабеу“. Овие пет фудбалери заминуваат од различни причини започнувајќи од вештините кои не се во согласност со желбите на тренерот преку пречестите повреди до незадоволството од минутажата.
Идејата на Алонсо ја поддржува и Флорентино Перез кој му даде „одврзани раце“ на младиот стратег кога станува збор за играчкиот кадар. Согласно со тоа во следниот период ќе следат и нови ангажмани по оние на Дин Хаусен, Алваро Карерас, Трент Александер-Арнолд и Франко Мастантуоно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

