Чаби со „ладен туш“ за Гвардиола: Потполно сметам на Родриго

Бразилскиот репрезентативец Родриго ова лето се поврзува со заминување од редовите на Реал Мадрид и преселба во Премиерлигата каде постои сериозен интерес од страна на Манчестер Сити кој и не намерува да штеди финансии за негов ангажман.

Родриго го загуби местото во тимот по пристигнувањето на Килијан Мбапе, добива се помала минутажа, во главно од клупата, но веќе и самиот изјави дека сака да се бори за своето место во тимот. А, според последната изјава на тренерот Чаби Алонсо се чини дека и ќе ја добие шансата.

„Во текот на летото има многу гласини, но гледам колку е добар и јас сметам на сите во тимот. Сметам на Родриго нормано, 100 отсто“, изјави Чаби.

Се вчитува...