Голема е веројатноста дека по крајот на сезоната Реал Марид ќе добие нов тренер. Очекувањата се дека на ерата на Карло Анчелоти и дојде крајот и дека славниот и искусен италијански стратег ќе му ја препушти функцијата на младиот и перспективен Чаби Алонсо.
Алонсо се прослави со легендарната сезона во Баер Леверкузен, а и предобро го познава Реал Мадрид со оглед на тоа шт ово минатото како фудбалер го носеше дресот на клубот од „Сантијаго Бернабеу“.
Шпанецот често добива прашања поврзани со Реал Мадрид па така беше и сега на последната пресконференција. И покрај тоа што вели дека потполно е фокусиран на Баер Леверкузен, Алонсо признава дека љубовта кон Реал Мадрид не му стивнува.
„Времето минута, но љубовта останува. Нашата врска е многу силна, но целиот фокус сега ми е на Баер Леверкузен. Само за него размислувам“, изјави Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

