Македонските фудбалски репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски заедно со својот Динамо Загреб стигнаа до нов триумф во шампионатот на Хрватска откако во 19. коло на домашен терен славеа над Локомотива Загреб со 2-1.
И покрај големиот број шпекулации за лошиот однос и заминувањето на капитенот Аријан Адеми, тренерот Анте Чачиќ е дециден дека тој не мрда од „Максимир“.
„Гледавме вистински натпреварувачки натпревар кој беше очекувано тежок. Направивме исклучително добра работа во првите 45 минути, промашивме многу и можеби потрошивме многу енергија. Беа подобри во вториот дел, но благодарение на Ливаковиќ не стигнаа до израмнување. Стоевме предалеку од играчите и на крајот можеа да дојдат до бод, но морам да бидам задоволен знаејќи какви проблеми имавме во тимот. Бев јасен пред десет дена. Единствениот што може да замине е Ливаковиќ, сите останати остануваат. Не би го пуштиле да си замине без разлика какви се понудите. Не можеме да го пуштиме капитенот затоа што мислам дека ни е многу потребен“, изјави Чачиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА