Динамо Загреб оствари фантастичен успех со пласманот во групната фаза од ЛШ, а мак-фудбалот токму благодарение на „модрите“ од Хрватска ќе ги има своите двајца претставници во елитното европско натпреврување, Аријан Адеми и Стефан Ристовски.
Анте Чачиќ е тренерот кој стигна до овој одличен резултат, но поранешниот хрватски селектор при прославата на големиот успех потсети и на големиот проблем што Динамо го влече со години – настапот на руинираниот стадион „Максимир“. Со години се најавува изградба на нов стадион или во најмала рака, посериозна реконструкција на „Максимир“, но ништо од тоа не се реализира од градските власти.
„За жал, повторно ќе се срамиме во Лигата на Шампионите. Најголемите европски клубови ќе доаѓаат на стадион што не е достоен да ги дочека. За се останато… секако дека сум горд, јас сум роден во Загреб, а во двата обиди со мојот клуб успеав да се пласирам во Лигата на Шампионите. Благодарност до играчите кои ме направија најгорд човек на светот“, истакна Чачиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА