Тренерот на Динамо Загреб, Анте Чачиќ искажа незадоволство од резултатот и играта на неговиот тим против македонскиот шампион Шкупи во првиот натпревар од 2. квалификациско коло за ЛШ.
Шкупи извлече големо реми (2-2) на гостувањето на „Максимир“, за кое Чачиќ смета дека е само благодарение на двата ефтини гола кои се примени поради грешки на неговите фудбалери.
„Знаевме пред натпреварот дека ќе биде тежок натпревар, бевме свесни дека Шкупи ќе игра цврст фудбал во дефанзивата и тоа се случи, а ние не одигравме на нивото. Сепак, според играта во второто полувреме мислам дека заслуживме победа, но ете се случи и тој гол во самиот финиш. Кога ќе примите такви два евтини гола тогаш сигурно не може да очекувате позитивен резултат. Но, ете добро е што сега не важи она правило за гостински погодок. Па, остануваат уште 90 минути и мислам дека во Скопје ќе бидеме подобри и ќе успееме на крај да дојдеме до зацртаната цел, пласман во следната квалификациска рунда за Лигата на шампионите“ – истакна Чачиќ по крајот на денешниот дуел на „Максимир“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

