Фудбалерите на Динамо пристигнаа во Македонија, каде во Скопје ќе го одиграат реванш натпреварот од 2. прелиминарно коло од Лигата на шампионите против Шкупи.
„Сините“ допатуваа во Скопје по ремито 2-2 на „Максимир“, а иако избраниците на Гоце Седлоски вложија големи напори, сепак Динамо останува фаворит и за овој меч. Во пресрет на реваншот со Шкупи, тренерот на Динамо, Анте Чачиќ одржа прес-конференција.
„Го чекаме реваншот, дуел кој ќе покаже кој оди понатаму во походот за Лигата на шампионите. Како тренер на гостинскиот тим ја прифаќам улогата на фаворит, мислам дека Динамо со почит кон домашниот тим е подобриот тим. Ќе направиме се за да бидеме подобри од првиот натпревар, знаеме дека Шкупи ќе направи се за да не изненади … – Динамо постигна многу голови на последните натпревари. Според фудбалски параметри, имавме повеќе игра и подобри шанси на првиот натпревар, ако реализиравме, резултатот ќе беше поинаков. Гостите ги искористија нашите две грешки, дојдоа до резултат кој им дава надеж. Имаме квалитетен ростер, повеќе искуство во Европа. Дојдовме овде со вжештени глави и чисти срца, сакаме да го направиме она што се очекува од нас“, потенцираше Чачиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА