Динамо Загреб веќе утре ќе го пречека македонскиот шампион Шкупи во првиот меч од второто коло во квалификациите за Лигата на шампионите, како апсолутен фаворит, натпревар закажан со почеток од 21 часот.
Тренерот на „модрите“ Анте Чачиќ најави дека загрепчани веруваат во победа и плсман во следната фаза.
„Утре имаме важен натпревар, го гледавме Шкупи на два меча и станува збор за тим кој суверено го освои првенството на Македонија, даваат доста голови, ефикасни се, малку голови примаат. Но, јас верувам дека Динамо е фаворит, а тоа го вели и гостинскиот тренер Гоце Седлоски. И јас таа фаворитска улога ја прифаќам. Подобри сме, но на терен тоа мора да го покажеме и да ја осигураме следната рунда, а со тоа да направиме исчекор кон подобра игра и форма“, вели Чачиќ.
Анте упати и комплименти до Седлоски, потенцирајќи дека тој е легенда на Динамо, фудбалер кој оставил силен белег во клубот.
„Седлоски е наш, тука е како домашен, со години играше во Динамо и истави силен белег. Неодамна беше и тренер на вториот тим на Динамо, многу добро нѐ знае и секако дека тука доаѓа без респект. Нема да ни биде лесно, нѐ чека тежок меч, но ќе повторам јас верувам во нашиот квалитет и нашата победа“, додаде Чачиќ.
Победникот од овој двомеч го чека подобриот од мечот Лудогорец – Шамрок за третата рунда во квалификациите, додека поразените од овие два меча ќе играат во третото коло во Лига Европа во битка за пласман најмалку во групната фаза во Конференциската лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

